Иднината на тутунската индустрија е во производство на биодизел гориво

Bez autora
Apr 23 2014

Тутунската индустрија е една од најстабилните индустриски гранки од која голем бенефит има македонската економија. Ико според директивата на Светската здравствена организација (СЗО) во наредниот период е предвидено намалување на производството на тутун во светот, што ќе има влијание и врз македонската тутунска индустрија, шокот може да се намали со преориентирање за друга употреба. Тутунот може да се користи и за производство на биодизел гориво. Како што информираат од Здружението на тутунската индустрија при Стопанската комора на Македонија и покрај добрите резултати оваа гранка изминатите осум години се соочува со проблеми кои потекнуваат од светско ниво.

Иднината на тутунската индустрија е во производство на биодизел горивоТутунската индустрија е една од најстабилните индустриски гранки од која голем бенефит има македонската економија. Ико според директивата на Светската здравствена организација (СЗО) во наредниот период е предвидено намалување на производството на тутун во светот, што ќе има влијание и врз македонската тутунска индустрија, шокот може да се намали со преориентирање за друга употреба. Тутунот може да се користи и за производство на биодизел гориво.

Како што информираат од Здружението на тутунската индустрија при Стопанската комора на Македонија и покрај добрите резултати оваа гранка изминатите осум години се соочува со проблеми кои потекнуваат од светско ниво.

- Светската здравствена организација форсира Рамковна конвенција кој истакнува дека пушењето е штетно на здравјето, кое би влијаело на помало производство на тутун. Но Македонија е дел од широка коалиција во која учествуваат голем број земји и се спротивставуваат на СЗО со образложение дека пушењето е штетно по здравјето на луѓето, но одгледувањето на тутун за различни цели не е штетно. Една од тие употреби е за производство на биодизел гориво кое во Италија и Индија наголемо се практикува, вели Васко Ристовски од СКМ.

Стопанската комора заедно во соработка со Италијанците работат на проект кој ќе овозможи Македонија да научи како ориенталниот тутун да го користи во овие цели.

- Тоа во иднина би подразбирало замена на овој тип на ориентален тутун со друг тип, можеби ќе има измени во делот на одгледувањето и како тутунското семе и стеблото од тутунот да се користат за добивање на биодизел гориво", објаснува Ристовски.

Како што информираат од Здружението, минатата година беше одлична за целата тутунска индустрија, бидејќи беа засеани 19.800 хектари тутун, што е најголема површина во последните десетина години, а цената за откуп на килограм тутун беше околу 160 денари по килограм.

- Тутунската индустрија во земјата во изминатите години има стабилно учество од 16-18 отсто во земјоделско-прехранбениот сектор, потенцира Ристовски. Извозот на тутун зема учество со 23-24 отсто од извозот во земјоделско-прехранбениот сектор, а 4-5 отсто од вкупниот извоз. По основ на давачки и акцизи 30 отсто од буџетот се полни од оваа индустрија.

- Лани имаше 42.367 склучени договори за откуп на тутун, што значи дека исто толку семејства се вклучени во оваа област и егзистираат од тутунот. Во однос на 2012 бројот на договори е зголемен за 45 отсто. Лани се откупиле 30.997 тони тутун, што е за 10 отсто повеќе од 2012 година, а за 47 отсто повеќе од 2011 година", потенцираат од Комората.

Вклучувајќи ги и субвенциите на Владата, за целосен откуп на тутунот беа потрошени 77,2 милиони евра или 1,8 милијарди денари од кои беа субвенционирани 31 милион евра.

Извозот на тутунот во 2013 година изнесува 155 милиони долари, што е многу повеќе во однос на конзервната и винската индустрија (60 милиони долари) кои исто така спаѓаат во земјоделско-прехранбената индустрија. Беа извезени 25.440 тони тутун, беше постигната повисока просечна цена за килограм извозен тутун од 6,1 долар за килограм, во однос на 5,3 долари за килограм тутун од 2012 година.

Но, за следната реколта има намален број на склучени договори. Ова е како резултат на намалената побарувачка на ориенталниот тутун на светското ниво.

Влезот на "Филип Морис" ќе го подигне квалитетот на тутунот

Влегувањето на Филип Морис" во Тутунскиот комбинат Прилеп и потпишувањето на договорот за стратешко партнерство е повеќе од добро за тутунската индустрија во државата, сметаат од Стопанската комора на Македонија.

- Точни детали засега немаме, но доброто е тоа што Тутунскиот комбинат од Прилеп ќе функционира. Сметаме дека ќе се подигне квалитетот на повисоко ниво и ќе се отворат многу повеќе можности за Тутунскиот комбинат Прилеп, истакна Васко Ристовски од Стопанската комора на Македонија на денешната прес-конференција.

Според него, тутунската индустрија во државата е стабилна и покрај негативните трендови во светски рамки со Рамковната конвенција за контрола на тутунот која е закана за ориенталниот тутун.

Од Комората очекуваат дека следната година, откупот на тутун да биде од 26 до 28 илјади тони тутун, што ќе претставува намалување на откупот .

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik